Connect with us

Фудбал

Куман за утрешниот дуел со Јувентус: Мора да се пазиме од Роналдо, секогаш може да не „повреди“

Тренерот на Барселона, Роналд Куман пред новинарите зборуваше за утрешниот дуел со Јувентус. Како што рече тој, ќе ги нема повредените Пике, Фати, Дембеле… Сепак, порача дека утре ќе игра со најсилниот состав што го располага, бидејќи посакува победа.

Се разбира најмногу се зборува за дуелот Меси-Роналдо.

-Роналдо се уште е меѓу елитните играчи поради начинот на кој игра и поради головите кои ги постигнува. Треба добро да се браниме, бидејќи секогаш во секој момент може да не „повреди“. Секогаш ја сака топката во своите нозе, но мораме тоа да го оневозможиме. Лео и тој се најдобрите играчи во последните 15 години, но сепак се различни. Не станува збор за тоа кој е најдобар, но утре ќе се забавуваме сите, вели Куман.