Кошарка
Куманово по голема битка го победи ТФТ
По повеќе од седум месеци пауза, во Македонија повторно се одигра официјален кошаркарски натпревар. Куманово и ТФТ го одиграа првиот официјален натпревар за македонската кошарка во новата сезона во рамки на БИБЛ-лигата, а триумфот им припадна на домаќините (90-83) во рамки на 1. коло.
Следното коло е предвидено на 4/5 ноември – ТФТ ќе биде домаќин на Берое, а ден подоцна истиот тим ќе гостува во Куманово.