Поврзи се со нас

Кошарка

Куманово подобар од ТФТ во воведното коло од БИБЛ

Куманово, 28 октомври 2020 (МИА) – Кошаркарите на Куманово го совладаа тимот на ТФТ со 90:83 во македонскиот дуел од 1. коло од Балканскиот сегмент на БИБЛ-лигата.

Натпреварот се одигра вчеравечер во Куманово без присуство на гледачи и беше еден вид увертира за македонското првенство кое треба да почне следниот викенд.

Победникот се наѕираше уште по првото полувреме кое домаќините го добија со 50:38. Сепак гостите од Скопје во последната четвртина стигнаа до изедначување, но немаа сили за целосен пресврт.

Дамјан Робев со 15 поени беше најефикасен во победничкиот тим, кај ТФТ се истакнаа Андерсон со 20 и Харис со 17 поени. зс/

loading...

Facebook