Фудбал
Куртоа ја презема одговорноста за првиот гол
Голманот на Челзи, Тибо Куртоа призна дека првиот гол на Лионел Меси во победата на Барселона со 3:0 на „Камп Ноу“ е по негова вина.
– Не заслуживме да испаднеме, но некои грешки не чинеа премногу скапо, вклучувајќи ја и мојата при првиот гол. Не очекував Меси да погоди од толку мал агол и затоа не успеав да се наместам добро. Ние не ги реализиравме шансите, додека Барселона ги искористи нашите грешки. Ова е недостаток на среќа. Меси често ме совладува и тоа ме иритира, но не бегам од одговорност. Имав и добри одбрани, но дозволивме четири гола и сме елиминирани, изјави голманот на „сините“ од Лондон.