Поврзи се со нас

Фудбал

Куртоа: Наскоро ќе ја видиме најдобрата верзија на Азар

Мадрид, 15 октомври 2020 (МИА) – Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа изјави дека не се сомнева во неговиот сонародник и клупски соиграч Еден Азар.

– Не се сомневам дека наскоро ќе ја видиме најдобрата верзија на Еден Азар. Тој многу се труди и сака да се докаже. Се надевам дека наскоро ќе може да покаже сè што умее. Непосредно пред повредата, Еден имаше неколку добри натпревари, но лошата среќа го запре. Сепак, видов колку одлично работи на тренинг овој месец. Сигурен сум дека наскоро ќе се крене во воздух и ќе остави кај сите многу пријатни впечатоци, изјави Куртоа.

Азар нема одиграно ниту еден натпревар во сезоната 2020/21. Фудбалерот продолжува да се рехабилитира по повреда на мускул на десната нога. зс/

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама