Connect with us

Фудбал

Куртоа си замина од Челзи поради семејството

Белгискиот голман Тибо Куртоа по седум години си замина од Челзи, а најголема причина за тоа е неговото семејство.

– Ако неговото семејство беше во Лондон, тој сигурно би останал во Челзи. Си замина најмногу поради неговите деца кои со мајката живеат во Мадрид. Не постојат никакви други причини. Клубот имаше разбирање за ситуацијата на Куртоа, а и во прилог му одеше истекот на договорот со „сините“ идната година. Челзи сакаше да заработи барем нешто на него па затоа го пушти предвреме, соопшти Кристоф Енроте, агентот на Белгиецот.

Куртоа потпиша шестгодишен договор со Реал Мадрид со што му се оствари сонот да биде со неговото семејство.

Реклама

ФОТО

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com