Connect with us

Фудбал

Кутињо е блиску до Астон Вила

Барселона и Астон Вила влегоа во финални преговори за Филипе Кутињо, пишуваат шпанските медиуми.

Каталонскиот клуб се надева дека ќе постигне конечен договор до крајот на денот. Во тек се преговори за позајмица, за можност за откуп на договор на крајот од сезоната.

Кутињо има договор со Барселона до јуни 2023 година, па целта на клубот е што поскоро да го продаде за да заработи барем нешто, за следната година да не си замине како слободен играч, без обештетување.

Бразилскиот фудбалер пристигна во каталонскиот клуб во 2018 година од Ливерпул за цели 120.000.000 евра. Сега е јасно дека Барселона нема да може да заработи на него, а специјализираниот сајт Transfermarkt ја проценува неговата вредност на 18 милиони евра.

 

Реклама

Facebook

Реклама