Connect with us

Фудбал

Кутињо е понуден на Челзи

Челси е еден од клубовите кој покажа многу интерес за доведување на Кутињо.

Покрај Челзи, неколку други клубови од Англија со задоволство би го виделе Кутињо во својот состав, некои од нив се Манчестер Јунајтед и Арсенал.

Кутињо во моментов е на позајмица во Баерн, од Барселона, и ќе остане таму до крајот на сезоната и потоа ќе го смени клубот.

Нема простор за него во Барселона, а Баерн изјави дека нема да го откупат неговиот договор на крајот на сезоната.

Толку е јасно дека Кутињо бара нов клуб, а неговото враќање во Премиер лигата станува се поизвесно.

Тој играше за составот на Ливерпул, а неодамна беше споменато дека за него дури бил заинтересиран и Евертон. Сепак, неговиот менаџер му го понуди својот играч на Челзи затоа што токму тука Бразилецот сака да ја продолжи кариерата.

Останува да се види дали Челзи ќе направи конкретен потег, бидејќи е јасно дека желбата за соработка постои од обете страни.