Поврзи се

Фудбал

Кутињо: Ќе биде многу убаво ако Нејмар се врати во Барселона

Фудбалерот на Барселона, Филипе Кутињо изјави дека би било многу убаво, ако Нејмар се врати на „Камп Ноу“.

– Тој е одличен фудбалер. Имам можност да играм со него за бразилскиот национален тим и тоа е привилегија за мене. Ќе биде многу добро за мене ако се врати во Барселона. Се разбира дека сме подготвени да ја отвориме вратата. Тоа е многу јасно, прокоментира Кутињо, цитиран од шпанскиот весник „Марка“.

Во однос на новото засилување на каталонците Артур, Филипе изјави дека тој е многу голем фудбалер со одлични квалитети.

– Тој е одлична личност на теренот, но и надвор од него, додаде поранешниот фудбалер на Ливерпул.

Во однос на натпреварот со Челзи во Лигата на шампионите в среда, во кој тој нема да земе учество, Кутињо очекува тежок натпревар.

– Вистината е дека треба да играме како што знаеме и ќе продолжиме понатаму. Треба да постигнеме брз гол, смета Бразилецот.

За амбициите на тимот, офанзивниот халф се надева дека Барса ќе ги освои сите трофеи до крајот на сезоната и додаде дека тоа што е дел од тимот на Барселона е голем чекор во неговата кариера.

ФОТО

loading...

Повеќе од Фудбал