Connect with us

Фудбал

Кутињо не сака да се врати во Барселона

Бразилската ѕвезда Филипе Кутињо сака да остане во Баерн Минхен, а за тоа ги информираше германскиот клуб и Барселона.

Филипе Кутињо му се придружи на шпанскиот гигант за 167 милиони евра во јануари 2018 година, но не успеа да се докаже на „Камп Ноу“ и беше испратен на позајмица во Баерн Минхен.

Кутињо сака да остане на „Алијанц Арената“ оваа сезона, но германскиот гигант допрва треба да одговори на прашањето на Барселона дали ќе ја искористи опцијата во договорот за да го купи играчот за 130 милиони евра.

Ова може да изгледа премногу големо за Баерн, бидејќи шпанскиот весник „Мундо Депортиво“ минатата недела објави дека Барселона е подготвена да го продаде Кутињо за 80 милиони евра, 87 милиони евра помалку отколку што го купи.

27-годишниот играч има вкупно 27 натпревари за Баерн во текот на сезоната 2019/20 (19 во Бундеслигата, шест во Лигата на шампионите и два во ДФБ Покал), а има постигнато седум гола и осум асистенции.