Ракомет
Кузманоски и колегите активно во борба против коронавирусот
Пандемијата на коронавирусот го поремети нормалниот живот речиси во целиот свет. Овој вирус предизвика целосен застој и во светот на спортот каде беа откажани натпреварувањата од различни гранки на спортот на европско, но и на светско ниво.
Горан Кузманоски, кој ги брани боите на битолски Еурофарм-Пелистер денеска преку „Facebook“ ги повика сите оние кои се во можност да донираа средства во борбата против коронавирусот.
„Здраво на сите.
Како во спортот така и во животот, најважна е тимската игра, солидарноста и несебичноста.
Заедно со неколку колеги преку иницијативата
#Спортистипротивкорона застануваме активно во борбата против корона вирусот. Отворивме наменска сметка (информации подолу во статусот) за донации. Собраните средства ќе бидат донирани за обезбедување на заштитини маски и опрема на здравствените работници кои се во првиот одбранбен ред и обезбедување на средства за дезинфекција и хигиена за социјално најзагрозените лица.
Заедно сме победиле многу натпревари, многу противници, заедно ќе го победиме и корона вирусот, ќе одиграме најсилна одбрана и ќе покажеме дека заедно, солидарно – МОЖЕМЕ!
Затоа колеги спортисти, ве замолувам, ве мотивирам, ве предизвикувам, да донираме сите заедно.
Ова е најважниот натпревар во нашата кариера!
Да се грижиме!
Откако ќе бидат собрани средствата, транспарентно ќе биде објавено колку средства се собрани и каде се донирани.“
Жиро сметка : 240577112287787
Девизна сметка :
IBAN:MK07240577112287690
SWIFT : UIBMMK22XXX