Connect with us

Фудбал

Кварацхелија до навивачите: Тешко ми е да ги видам вашите очи полни со солзи!

Фудбалерот од средниот ред на Наполи, Квича Кварацхелија по ремито со Милан (1:1) синоќа во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите им се обрати на навивачите.

Наполитанците беа елиминирани од турнирот, а Грузиецот промаши пенал за израмнување на петнаесетина минути пред крајот.

– Тешко ми е да ги видам вашите очи полни со солзи, сфаќајќи дека не можам да ти донесам среќа. Ќе дадам се од себе да научам од денешното искуство. Длабоко ми е жал и апсолутно благодарен за вашата поддршка, која ја чувствувам секоја секунда! Ве сакам сите и ветувам дека ќе се вратиме посилни! Претстојат многу натпревари, па сонот продолжува“, напиша Квича на социјалната мрежа.

Екипата на Милан се пласираше во полуфиналето, бидејќи на првата средба победи со 1:0. Следен противник на Росонерите ќе биде победникот од мечот Интер – Бенфика (2:0 прв натпревар).