Други спортови
Л’Екип ја сподели со јавноста карикатурата на заразениот Новак: Некои се згрозени, на други им е смешно (ФОТО)
- И додека некои сметаат дека карикатурата е добра шега, други го осудуваат потегот на францускиот реномиран спортски весник.
Новак Ѓоковиќ деновиве е во центарот на вниманието поради организираните турнири во Белград и Задар. Тогаш во Хрватска пристигна веста дека Димитров е заразен со коронавирус, а денес беше објавено дека Ѓоковиќ, како и неговата сопруга Јелена, позитивно тестирале за Ковид-19.
Тие предизвикаа општа паника во регионот бидејќи минуваа време со различни луѓе на неколку локации во Белград и Задар. Поради сето ова, светските медиуми „распукаа“ по Ѓоковиќ, тој доби критики од неговите колеги од тенискиот свет, а сега Л’Екипе се шегува со него.
„Изгубена топка“ е насловот на насловната страница на магазинот „Л’Екипе“, но текстот содржи карикатура на Ѓоковиќ во облека на „дворски шут“ со детали за коронавирус на неа.
“Кој сака прегратка?” пишува во илустрација на Новак со испружени раце.
Да потсетиме дека финалето во Задар беше откажано, а во меѓувреме беше откажан и турнирот во Бања Лука и потенцијалниот изложбен натпревар помеѓу Ѓоковиќ и Дамир Џумхур во Сараево.
