Connect with us

Кошарка

ЛА Клиперс се избори за „мајсторка“ против Далас

Кошаркарите на Лос Анџелес клиперс со триумф од 104:97 на гостувањето против Далас го израмнија резултат на 3:3 во плејоф серијата до четири победи и се изборија за решавачки седми натпревар што ќе се игра ноќта меѓу недела и понеделник.

Соочен со уште една рана елиминација во разигрувањето за титулата во НБА лигата, одлична партија во дресот на „Клиперси“ прикажа Кавај Леонард, кој уфрли 45 поени со шут од игра 18-25, а одлични асистенти имаше во Реџи Џексон (25 поени) и Пол Џорџ (20 поени и 11 скокови).

Во редовите на Далас стандардно најефикасен беше словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ со 29 поени, додавајќи 11 асистенции и осум скокови.

„Клиперси“ ќе бидат домаќини во решавачкиот натпревар во плејоф серијата против Далас, во која гостите славеа на претходните шест дуели, а победникот во полуфиналето за противник ќе ја има најдобрата екипа од регуларниот дел на сезоната Јута, која претходно со 4:1 во разигрувањето го елиминираше Мемфис.

Реклама

Facebook