Connect with us

Кошарка

ЛА Лејкерс осум години чекаа за ова што го направија синоќа против Феникс

Актуелниот шампион Лос Анџелес Лејкерс триумфираше синоќа над Феникс, додека Денвер го совлада Портланд за водство од 2:1 во серијата до четири победи во разигрувањето за титулата во НБА лигата.

По повеќе од осум години, „Лејкерси“ се радуваа на плејоф победа на домашен терен предводени од Ентони Дејвис, кој постигна 34 поени, додавајќи и 11 скокови, во триумфот над Феникс од 109:95. Минатата сезона Лејкерси станаа шампиони, но плејофот се играше во т.н балон, на неутрален терен поради коронавирусот.

Во вториот натпревар одигран ноќта меѓу четвртокот и петок на Западот, српскиот кошаркар Никола Јокиќ имаше блескава вечер и со 36 поени беше најзаслужен за гостинскиот триумф на Денвер на гостувањето кај Портланд од 120:115.

Милвоки го совлада Мајами на гостински терен со 113:84 и стигна на чекор до полуфинале во плејофот во Источната конференција, откако ниту еден тим во историјата во НБА лигата не испуштил предност од 3:0 во разигрувањето.