Фудбал
Ла Лига најавува враќање!
Шпанските клубови во Ла Лига ќе започнат со тренинзи следната недела.
Шпанија започна со ублажување на своите ограничувања за пандемијата на коронавирусот, а Ла лига официјално потврди дека фудбалот се врати.
Министерството за здравство, исто така, потврди дека тимовите ќе можат да ја продолжат својата работа, со надеж дека сезоната ќе заврши. Клубовите започнуваат од вторник со тренинзи во клупските центри.
Враќањето на тренинзите доаѓа откако Шпанија беше една од најтешко погодените земји во Европа од пандемијата на коронавирусот.
Во изјавата на Ла Лига се вели дека враќањето на тренинзите е планирано за период од четири недели.
„Здравјето на луѓето е најважно, така што имаме сеопфатен здравствен протокол за сите кои се вклучени додека работиме на продолжувањето на Ла Лига. Околностите се без преседан, но се надеваме дека ќе започнеме да играме повторно во јуни и да ја завршиме сезоната 2019/20 летово“, соопштија од Ла Лига.
Италијанските и германските клубови исто така се вратија на тренинзи, а претходно Франција и Холандија ставија крај на своите првенства.