Connect with us

Фудбал

Ла Лига започнува на 20 јуни, а ќе се игра четири дена во неделата

Шампионатот во Шпанија ќе продолжи во јуни, иако сè уште се чека официјалната потврда.

Според тренерот на Леганес, Хавиер Агуире, Ла Лига ќе започне на 20 јуни и ќе трае до 26 јули.

Тој посочува и дека натпреварите во шпанскиот фудбалски шампионат ќе се играат во среда, четврток, сабота и недела, со цел да се заврши првенството што е можно поскоро. Датумите закажани за средбите во средина на неделата би можеле да бидат проблем за клубовите кои играат европски натпреварувања, но очигледно Ла Лига била свесна за тоа и имала решение за тоа.

Остануваат 11 кола во Ла Лига до крајот, а Барселона е актуелен лидер со 58 бода, додека Реал Мадрид има два бода помалку.

И покрај тоа што Шпанија е меѓу најтешко погодените земји од вирусот „Ковид-19“ во светот, фудбалската федерација дава се од себе да го одработи остатокот од сезоната на теренот и постои голема веројатност дека тоа ќе биде така на крајот.