Connect with us

Фудбал

Ла Лига започнува со големо дерби на 11 јуни

Шпанското фудбалско првенство ќе продолжи на 11 јуни и ќе трае до 19 јули, беше потврдено денес.

Шпанската влада даде зелено светло за враќање на фудбалот во оваа земја, а продолжението на сезоната ќе го отвори големо дерби меѓу градските ривали Севилја и Бетис.

За жал, дербито ќе биде без навивачи и нема да има огнена атмосфера што го украсува дуелот на великаните од Андалузија, но единствената работа што сега е важна е тоа што се враќа фудбалот.

Исто така, денес беше потврдено дека новата сезона во Ла Лига ќе започне на 12 септември.

Потсетуваме, во Ла Лига има голема трка за шампион помеѓу Барселона и Реал Мадрид, а Каталонците имаат два бода повеќе од големиот ривал.