Фудбал
Лајпциг се врати на победничките патеки со убедлива победа над Дортмунд (ВИДЕО)
РБ Лајпциг се врати на победите во Бундеслигата со победата од 3:0 над Борусија Дортмунд во натпревар од шестото коло во германската Бундеслига.
Домаќините поведоа во 6. минута. По центаршут од корнер, топката стигна до Вили Орбан, кој со глава ја упати топката во голот за 1:0.
Во 34. минута Тимо Вернер го испрати Доминик Собослај, но навреме интервенираше дефанзивец на Дортмунд.
На крајот на полувремето сепак немаше прошка од Собослај. Унгарецот постигна прекрасен гол од далечина за зголемување на водството на својот тим на 2-0.
Во вториот дел РБ Лајпциг успеа да го задржи резултатот без да биде загрозен од играчите на Борусија.
На пет минути до крајот на регуларното време, домаќините ја запечатија победата. Амаду Аидара беше доведен во добра позиција од Тимо Вернер и потпиша за 3:0.