Connect with us

Фудбал

Лампард го нападна Мурињо: Навистина претерува со повредените играчи

На „Стемфорд Бриџ“ денеска ќе се одигра големото градско дерби меѓу Челси и Тотенхем во англиската Премиер лигата.

Челси и Тотенхем водат сериозна битка за четвртото место, што води во Лигата на шампионите следната сезона. „Пливачите“ во моментов се на четвртото место со 41 поен и имаат само еден бод предност пред ривалот Тотенхем.

Тотенхем се во одлична форма и во четири последователни натпревари не знае за пораз, додека кај Челси е сосема друга ситуација. Тимот на Френк Лампард не игра најдобро и веќе четири натпревари и не знае за победа во домашното првенство.

Пред овој натпревар се крена доста прашина, а изјавите на Жозе Мурињо и Лампард дополннително придонесоа за тоа. Мурињо се пожали дека неговиот тим не е фаворит денес поради премногу повредени играчи, а Лампард одговори на тоа.

„Тој има офанзивни играчи во тимот и не знам што е проблемот. Деле Али игра многу добро, а Лукас Моура минатата сезона покажа во Лигата на шампионите каков играч е. Мурињо претерува кога зборува за проблемот со повредените играчи“, рече Лампард