Connect with us

Фудбал

Лампард: Ќе бидеме активни во јануари, но тоа нема да ја наруши структурата

Тренерот на Челси, Франк Лампард, по квалификацијат за следното коло во Лигата на шампионите потврди дека ќе биде активен во јануарскиот преоден рок со цел да придобие некои играчи. Сепак, според него, овој пристапи нема да ја наруши структурата на тимот. Лампард потврдува дека младите играчи кои досега ги активирал ќе бидат повторно на теренот.

„Ние работиме добро во првенството и во шампионите, но секогаш има простор за подобрување. Треба да бидеме поконкретни во офанзивната зона и таму ќе интервенираме повеќе на пазарот. Сепак, ова нема да ги одврати новите играчи кои досега беа активирани. Тие ќе останат тука и ќе продолжат да играат“, рече Лампард.