Поврзи се со нас

Фудбал

Лампард не го пушти Канте на свадбата кај пријател, фудбалерот размислува да го напушти клубот

Лондон, 12 октомври 2020 (МИА) – Играчот за врска на Челзи, Н’Голо Канте размислува да го напушти лондонскиот клуб, пренесува „The Athletic“.

-текстот продолжува по рекламата-

Претходно, 29-годишниот Французин побара од главниот тренер на тимот, Френк Лампард, да го напушти клубот на еден ден поради венчавката на еден пријател, но беше одбиен.

Оваа одлука може да влијае на односот на Канте при изборот на тимот во неговата идна кариера.

-текстот продолжува по рекламите-

Потсетиме дека Канте игра во лондонскиот клуб од 2016 година, неговиот сегашен договор важи до летото 2023 година.

Фудбалерот оваа сезона одигра четири натпревари во Премиер лигата. зс/

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама