Connect with us

Фудбал

Лампард: Тој станува лидер на нашиот тим

Тренерот Френк Лампард високо ги пофали перформансите на напаѓачот Тами Абрахам, кој постигна гол и асистенција во победата на Челси од 2:1 над Астон Вила во Премиер лигата. Според тренерот, 22-годишниот напаѓач ја има секоја можност да стане лидер на тимот, дури тој и сега е еден од нив.

„Тами е фудбалер кој расте, од ден на ден, како играч и како човек. Ја добива довербата на сите во соблекувалните и се претвори во лидер, што донесе ентузијазам. Тоа е играч кој ќе постигне се повеќе и повеќе. Среќа е што го имаме во тимот“, рече Лампард.