Connect with us

Фудбал

Лампард: Заслуживме пораз во финалето – за реваншот со Баерн ќе треба да се крпи

Спротивно од сите прогнози, Арсенал го освои ФА Купот, со победата над градскиот ривал Челзи со 2-1. Френк Лампард се соочува со огромни проблеми да го состави тимот на Челси за реваншот против Баерн Минхен во осминафиналето од ЛШ, откако неколку стандардни првотимци заработија повреди на вчерашното куп-финале против Арсенал.

„Започнавме добро, но само сме виновни за сè што се случи подоцна. Им дозволуваме да се вратат во игра. Бевме бавни, повлечени. Заслуживме пораз“, рече Лампард.

Тимот на Лампард играше со десет фудбалери од 73. минута поради вториот жолт картон и исклучувањето на Матео Ковачиќ.

„Не можам да се согласам со одлуката на судијата да го исклучи Матео. Беше пенал, но не и црвен картон“, заврши менаџерот на Челзи.