Други спортови
Лани го депортираа Ѓоковиќ, а сега тенисерите можат да играат и заразени со коронавирус, шокантна одлука
Неверојатна промена поврзана со коронавирусот, за само една година. Сега е официјално – тенисерите нема да бидат тестирани за корона вирусот на Австралија Опен оваа година и ќе можат да настапат дури и ако се позитивни на Ковид! Тоа го потврди и првиот човек на овој Грен слем Крег Тајли. Тој зборуваше за многу теми, вклучително и можното одложување на датумот на турнирот, а неговите ставови за корона вирусот шокираа многумина.
Земјата која го депортира Новак Ѓоковиќ во 2021 година сега има многу помалку ригорозна политика, по што ќе го следи и Австралија Опен.
„Ние само сакаме да го следиме она што е одлучено во заедницата во моментов. Отидовме уште чекор подалеку со тоа што им ставивме стрес на персоналот и тенисерите да се држат подалеку од теренот доколку се чувствуваат лошо. Ова сега е нормализирана ситуација и ние нема да се разликуваме од крикетот каде спортистите се натпреваруваат дури и кога се позитивни на Ковид“, рече Тајли на сечие изненадување.