Фудбал
Лапорта застана во одбрана на Барселона за масовното присуство на германски навивачи
Претседателот на Барселона , Жоан Лапорта го коментираше присуството на околу 30.000 навивачи на германски Ајнтрахт (Франкфурт) на Камп Ноу во реваншот од четвртфиналето на Лига Европа , што предизвика протести меѓу навивачите на каталонскиот гигант.
„Не може да се обвинува клубот, но тој има најголема одговорност. Би сакал да им се заблагодарам на членовите на клубот и на сите навивачи на Барселона кои присуствуваа на натпреварот со Ајнтрахт . Ви благодарам на сите од се срце. Сакам да им се извинам на сите бидејќи беа доведени во непријатна ситуација од масовното присуство на германски навивачи.
Laporta: "We understand that the club is not to blame for what happened, but the club is responsible… The club did not sell tickets to German fans."
— barcacentre (@barcacentre) April 19, 2022
Клубот нема продадено билети на Германци, надвор од официјалните 5.000 задолжителни пропусници, како што бара УЕФА. Системот беше преоптоварен со повеќе од 27.201 барања од Германија. Имаше неформални агенти, организирани групи и специјалисти за препродажба. Контролните механизми се надминати и неефикасни“, рече Лапорте на специјалната прес-конференција на оваа тема.