Connect with us

Фудбал

Лацио има нов предлог за Милинковиќ-Савиќ

Српскиот фудбалер Сергеј Милинковиќ-Савиќ се наоѓа на пресврт на кариерата.

Овај 23-годишен фудбалер се приклучи на тренинзите на својот клуб, кој очигледно цврсто е решен да го задржи во своите редови иако не постои клуб во Европа која не се обиде да го донесе во своите редови.

Лацио тежко може да му парира на понудите кои пристигнаа, но има идеја како да го задржи одличниот фудбалер од средниот ред барем уште година дена.

Италијанските медиуми пишуваат дека во случај да остане во Лацио, Милинковиќ-Савиќ ќе добие двојно повисока плата. СМС моментално заработува 1.5 милиони евра плус бонуси, а договорот му важи до 2022. година.

Јасно е дека ни годишната плата од три милиони евра не претставува ништо специјално за фудбалерот кој цела Европа му нуди многу побогати договори, но Лацио, секако ништо не губи доколку проба.