Connect with us

Фудбал

Лацио водеше до 78-ма минута против Интер, а потоа потоп, Наполи и Елмас уште денес може да ја прослават титулата (ВИДЕО)

Иако од 30-та минута водеа со 1:0, сепак Лацио доживеа потоп за неколку минути на гостувањето кај Интер. По половина час игра гостите поведоа преку Андерсон, по катастрофалната грешка на Ачерби, кој е играч на Лацио, а игра како позајмен во Интер.

Во вториот дел Инзаги направи неколку измени, кои донесоа пресврт, пред се Лаутаро  и Госенс. Прво Аргентинецот во 78-ма минута израмнува на 1:1 на асистенција на Лукаку, а Белгиецот во 83-та минута одлично нафрлува до Госенс кој постигнува гол за 2:1.

Во 90та минута веќе беше 3:1, Лаутаро втор гол на мечот.

Поразот на Лацио значи и шанса за Наполи и Елиф Елмас уште денес да ја прослават титулата доколку на домашен терен ја совладаат Салернитана.