Connect with us

Фудбал

Лацио „заспа“ во најважниот дел од сезоната, Јуве може да почне да слави

Лацио го загуби здивот. По, Интер од трката за титулата се чини дека испаднаа и „Римјаните“. Со третиот пораз во низа, по Милан и Лече, овој пат од Сасуоло, тимот на Симоне Инзаги нема да биде повеќе опасност за Јувентус, кој има осум бодови предност и натпревар помалку.
До крајот на сезоната има уште шест меча, но и гостување на Лацио во Торино.
На денешниот меч „Лацијалите“ први поведоа преку Алберто, но во вториот дел целосен пресврт. За победа на Сасуоло се погрижија Распадори и Капуто. Јуве е прв со 75 бодови и натпревар помалку, Лацио втор со 68, следува Аталанта со 66 и Интер со 65. Двата тима имаат натпревар помалку.