Фудбал
Лаутаро Мартинез трансфер цел на Манчестер Јунајтед, еве за колку пари би можеле да го имаат?!
Манчестер Јунајтед го идентификуваше напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез како потенцијално летно засилување, а тимот од Серија А е подготвен да го пушти да замине, според Football Insider.
Одлуката на Интер доаѓа бидејќи тие имаат за цел да соберат средства за да ги „испеглаат“ финансиските книги, при што 25-годишниот фудбалер е достапен за околу 70 милиони фунти и сака да игра во Премиер лигата.