Connect with us

Ракомет

„Лавовите“ го изедоа Кристијанштад

Германскиот Рајн Некар Левен славеше на гостувањето во Шведска, против Кристијанштад со 27-32 во завршниот натпревар од првата фаза во Лигата на шампионите. Со оваа шеста победа, германскиот тим во чиј состав е македонскиот репрезентативец Филип Талески, останува во комбинација за горниот дел од табелата во А групата со 12 бода колку што има и Киелце и со еден бод помалку од Вардар кој се врати на втората позиција.

Освен во првите неколку минути кога домаќините имаа миниимална предност, во остатокот од натпреварот, Рајн Некар Левен го имаше главниот збор на теренот на противникот и заслужено стигна до нова победа во елитното натпреварување.

Талески постигна четири гола, а најефикасен во победата на Рајн Некар Левен беше капитенот Анди Шмид со 10 погодоци. Во првото коло од пролетниот дел, Рајн Некар Левен го пречекува Вардар на 6 февруари.