Connect with us

Фудбал

Лазаро сака да се врати во Интер

Агентот на Валентино Лазаро вели дека неговиот клиент сака да се врати во Интер на крајот на сезоната.

Австриецот го напушти Интер и е на позајмица во Њукасл, бидејќи не ја освои почетната позиција со Антонио Конте, но сака повторно да се врати во Интер.

„Валентино е среќен што игра во Премиер лигата и може да го подобри и покаже неговиот квалитет во англиската лига“, изјави агентот на играчот.

„Првиот избор на играчот е да се врати во Интер. Со повеќе време на располагање, тој сака да покаже како може да им помогне на „Нероазурите“ во освојувањето на Скудетото“.

Агентот понатаму истакна дека Лазаро има одличен однос со тренерот Конте. Тој играше само 513 минути за Интер оваа сезона, а пристигна од Херта во летото за 22 милиони евра.