Connect with us

Ракомет

Лазаров: Уште една година и доста е!

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња веројатно ќе игра уште една година за Нант и потоа ќе означи крај на кариерата. Размислува да продолжи како тренер, но одлуката допрва ќе ја донесе. Сето ова тој го откри во интервју за хрватски Вечерњи лист.

-Ќе играм уште една година и мислам дека тоа ќе биде крај. Нема веќе смисла. Додека играм во Нант, секако дека ќе играм и за мојата репрезентација, изјави Лазаров, притоа додавајќи:

-Имам намера да бидам тренер. Можеби за десет години повторно ќе дојдам во Загреб, но сега како тренер на тој тим, вели Лазаров.