Поврзи се со нас
Here is the banner code 300x250 for mobile:

Други спортови

Лажната вест е дека нокаутот не е дозволен: Ова се правилата за пресметката на Тајсон со Џонс

Мајк Тајсон и Рој Џонс Јуниор ќе се борат според сите професионални правила, со неколку исклучоци.

Иако Енди Фостер од Атлетската комисија во Калифорнија изјави дека нема да има нокаути, организаторот Рајан Кавано ги отфрли ваквите обвинувања и истакна дека борбата ќе се одвива под редовни правила, со одредени исклучоци.

“Тој комесар Енди само сакаше да го сврти вниманието кон себе велејќи дека нокаут не е дозволен. Апсолутно е дозволено и ако некој добие пресек, борбата нема да престане. Ќе имаме судија и борбата ќе се одржи според сите професионални правила и ќе има неколку исклучоци”, рече тој.

Правилата се:

– Ќе се борат осум рунди од по две минути
– Борбата ќе биде без заштитен шлем
– Боксерите ќе носат ракавици од по 12 унци
– И двајцата борци ќе поминат медицински прегледи и тестирање на ВАДА (исклучок на марихуана)
– Нема да има победник освен ако не дојде до нокаут

loading...

Facebook