Connect with us

Фудбал

Леао потпиша нов договор со Милан, а доколку Реал Мадрид и Челзи го сакаат треба да ја издвојат оваа сума!

Најдобриот фудбалер на Милан Рафаел Леао потпиша нов договор со овој клуб до 2028 година, пренесува добро информираниот фудбалски новинар Фабрицио Романо.

Пред првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против градскиот ривал Интер, Милан дефинираше нов договор со португалското крило, а тој беше потпишан денеска.

„Конечно се комплетирани сите документи, наскоро ќе се официјализира. Клаузулата за раскин на договорот е 175 милиони евра. Неговата нето плата ќе биде пет милиони евра по сезона со бонуси“, напиша Романо на Твитер.

Така, Леао засега останува меѓу Росонерите, но прашање е дали ќе остане до крајот на договорот, бидејќи клаузулата од 175 милиони не е ништо посебно за најмоќните клубови во светот, кои дефинитивно ќе сакаат да ги видат наскоро во нивните редови. Се пишуваше дека заинтересирани за неговите услуги биле Реал Мадрид и Челзи.

Леао поради повреда не настапи на првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите, кој неговиот тим го загуби од Интер со 2:0. Се очекува тој да биде во составот за реваншот во вторник.