Connect with us

Кошарка

Леброн Џејмс останува непоразен во првото коло од плеј-офот

Орландо, 30 август 2020 (МИА) – Еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА лигата, ноќеска со неговиот тим Лос Анџелес лејкерс обезбедија пласман во второто коло од плеј-офот, победувајќи го Портланд во петтиот натпревар од серијата (131:122).

Така, Леброн остана непоразен во првото коло од плејофот. Во текот на својата кариера, напаѓачот играше 14 пати во првото коло и никогаш не бил елиминиран.

На петтиот натпревар против Блејзерси, Џејмс комплетираше трипл-дабл со 36 поени, 10 скока и 10 асистенции. зс/