Кошарка
Леброн Џејмс по одличната партија против Милвоки: Важен е само успехот на тимот
После 16 одиграни натпревари, актуелниот шампион во НБА лигата, Лос Анџелес Лејкерс, се наоѓа на сооднос од 12 победи и четири порази.
Синоќа Лејкерси во одличен натпревар го совладаа Милвоки Бакс со 113-106, а до победата ги предводеше Леброн Џејмс.
Џејмс го заврши мечот со учинок од 34 поени, осум асистенции и шест скока, а по мечот истакна дека индивидуалните награди не му се важни и дека најважно е успехот на тимот.
„Индивидуалните награди никогаш не ми биле на прво место. Најважно е успехот на тимот. Тоа е единственото нешто што навистина е важно“, рече Џејмс.
„Мојата задача е да играм добро и да му помагам на тимот против кој било противник. Сè се сведува на тоа“, додаде еден од најдобрите кошаркари на сите времиња.