Поврзи се со нас

Кошарка

Леброн до Коби: Брате, се надевам дека те направив горд

Лос Анџелес, 15 октомври 2020 (МИА) – Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, му напиша порака на својот добар пријател и легенда на Лејкерс, Коби Брајант, неколку дена откако на клубот му ја донесе 17. титула.

  • Се надевам дека те направив горд, брате. Те сакам и ми недостигаш шампионе, напиша Леброн на својата страница на Инстаграм.

Петкратниот шампион на Лејкерс во НБА лигата, Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џана ги загубија животите на 26 јануари 2020 година во хеликоптерска несреќа. Лејкерси освоената титула оваа сезона му ја посветија на Брајант. зс/

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама