Connect with us

Кошарка

Леброн е подобар мотиватор од Џордан, затоа е најдобар!

Поранешниот центар на Детроит, Бил Ламбир, кој беше член на „Лошите момци“ од доцните 80-ти и раните 90-ти години на минатиот век, го избра Леброн за најдобар играч на сите времиња, пред неговиот лут ривал Мајкл Џордан.

Мајкл Џордан во моментов е во центарот на вниманието поради документарецот „Последниот танц“, кој ќе се емитува на 19 април на „ЕСПН“.

Тренерот на ВНБА тимот на Лас Вегас Ејс гостуваше во една емисија на ЕСПН и беше запрашан дали Џордан е најдобриот играч на сите времиња.

Мислам дека Леброн Џејмс е најдобриот играч на сите времиња. Јас сум сигурен во тоа. Тој е брз како ветер и исклучително физички способен… тој е најдобриот играч што некогаш играл кошарка, истакна Ламбир.
Ламбир беше шампион со Пистонс во 1989 и 1990 година. Тие беа несовладлива пречка за Мајкл Џордан.

Најважно од се е то дека Леброн знаеше како да ги направи своите соиграчи подобри и да победи. Тоа е нешто што Џордан не можеше да го стори долго време. Вистина е дека Џордан има повеќе титули, но мислам дека Леброн да би играл во која било ера и би бил подоминантен, заклучи поранешниот центар.
Од друга страна, поранешната НБА sвезда, Стефон Марбери, смета дека Џордан воопшто не треба да се споредува со другите кошаркари. За него, Џордан е најдобриот на сите времиња.

Луѓето сакаат да го рангираат Џордан, но тој човек не треба да биде на ниту една листа. Ако одиме со рангирање, одиме прво со Коби, потоа со Леброн, а потоа можете да ги изберете другите. Споредбите се непотребни. Не е исто, тоа е различен менталитет и не знам зошто името на Џордан се споменува во какви било дискусии за тоа. Нема потреба да зборуваме за тоа, истакна Марбери.