Connect with us

Кошарка

Леброн ја откри тајната за совршена форма и долговечност

Јасно е дека заедно со напорните тренинзи важна улога за неговиот квалитет има и исхраната. Поради тоа, „Кралот“ го откри својот прехранбен план до кој одлично се придржува во текот на сезоната, бидејќи не е лесно да се одиграат повеќе од сто натпревари за една година

Малкумина професионални спортисти можат да се пофалат со своето врвно ниво кое го имаат долги години наназад, како Леброн Џејмс во кошарката, Кристијано Роналдо во фудбалот, Роже Федерер на тениските терени… Ова воедно би било и конечната листа на „ветерани“ кои газат се пред себе и покрај тоа што нивната кариера е пред крај.

Леброн без никакви дилеми е најдобриот кошаркар во моментов, бидејќи цели 16 години доминира во НБА лигата. Три пати ја освои шампионската титула, четири пати беше МВП на сезоната (најкорисен играч), а воедно и 14 пати беше дел од Ол-стар натпреварите.

Овој пат, Леброн откри детали за тоа како ја одржува својата совршена форма. Јасно е дека заедно со напорните тренинзи важна улога за неговиот квалитет има и исхраната. Поради тоа, „Кралот“ го откри својот прехранбен план до кој одлично се придржува во текот на сезоната, бидејќи не е лесно да се одиграат повеќе од сто натпревари за една година.

За појадок на менито на Леброн е омлет од белки со лосос, палачинки без глутен и разно овошје, додека ручекот се состои од пченична тестенина, лосос и зеленчук. Неколку часа пред натпревар консумира лесен безглутенски сендвич со путер од кикиритки и овошен мармалад без прехранбен шеќер. На полувреме јаде неколку резанки јаболка со путер од бадеми, додека по натпреварот протеински пијалак (шејк) со бадем, млеко и протеини. На вечерното мени се наоѓа пилешко месо со пармезан, салата и чаша вино.

Неговите прехранбени навики вклучуваат и строг режим во кој воопшто не консумира продукти кои содржат бели шеќери, а не пие ниту газирани пијалоци туку овошни сокови и чаеви. Негов главен напиток е водата која му помага во чистење на организмот од неколкуте чаеви. Пред неколку години целосно го исфрли од исхраната свинското месо и саламите и потврди дека после тоа одлично се чувствувал.

Но, Леброн има и свои пороци. Тој е голем љубител на виното, има колекција на најдобри светски вина кои чинат неколку милијарди долари, но во текот на сезоната само неколку пати ужива во нивно консумирање. Не „дивее“ премногу ниту за време на летната пауза, признава дека понекогаш јаде и брза храна,, знае да испие чаша повеќе од некое сортно вино, но „грешките“ веднаш ги амортизира со напорни тренинзи.

  • Телото ја памети секоја погрешно внесена калорија, секој прекршок со време ќе ми се врати. Но, и јас сум човек, сакам да уживам во виното и добрата храна. Меѓутоа, напорните тренинзи се клучот за се, истакна Леброн.

Во текот на својата кариера Леброн бележи во просек по 28 коша, седум асистенции и осум скокови по натпревар. Во НБА лигата одигра над 140 натпревари, а на терен во просек минува по 55 минути. Тој пред неколку месеци истакна дека за своето тело годишно троши по милион и пол долари се со цел да остане што подолго во посакуваната форма. Тука спаѓа од тренинзи до теретани, па преку исхрана, масажи, медицински препарати, рехабилитации…