Кошарка
Леброн: Сè ме боли
Леброн Џејмс се повреди синоќа за време на мечот меѓу неговите ЛА Лејкерс и Атланта Хоукс.
Џејмс падна во еден момент, се обиде да го продолжи натпреварот, но брзо отиде во соблекувалната.
Неговиот скочен зглоб беше оштетен, а Лејкерси се најдоа во сериозни проблеми бидејќи покрај него го нема ниту Ентони Дејвис.
“Ништо не ме лути или тагува повеќе од тоа што не можам да им помогнам на моите соиграчи. Ме боли и надвор и внатре во моментов”, напиша Џејмс на Твитер, додавајќи:
“Враќањето и закрепнувањето започнува веднаш. Ќе се вратам уште посилен”.
Според првите информации од медицинскиот тим, Лејкерс ќе бидат без Џејмс следниот месец.