Connect with us

Фудбал

Леетово за десниот бек платија 55 милиони евра, но „Црвените ѓаволи“ сега бараат нов

Манчестер јунајтед летово пчлатија 55 милиони евра за десниот бек Арон Ван-Бисаку ова лето.

22-годишниот Англичанец прикажа солидна игра во дресот на „црвените ѓаволи“, но се чини дека челниците на клубот од „Олд Трафорд“ сакаат да ја засилат конкуренцијата на неговата позиција.

Според „CalcioNapoli24“, Манчестер Јунајтед е заинтересиран за Џовани Ди Лоренцо на Наполи и веќе контактирал со неговиот менаџер за да се распрашаат за можниот трансфер.

Ди Лоренцо летово пристигна во Наполи од Емполи ова лето и потпиша договор до 2024 година, но клубот од Сан Паоло сега ќе работи на потпишување на нов, подобрен договор со 26-годишниот десен бек за да се осигури дека нема да остане без него.

Наполи до прекинувањето на Серија А забележа катострофална сезона, но една од светлите точки беше Ди Лоренцо кој успеа да постигне два гола и да запише седум асистенции.

Инаку, за Ди Лоренцо, кој може да игра на позицијата стопер, Наполи плати осум милиони евра.