Connect with us

Фудбал

Легенда на „Борусија“ (Дортмунд) заминува во Лос Анџелес

„Лос Анџелес Галакси“ сака да го ангажира веќе поранешниот играч за врска на „Борусија (Дортмунд)“ Марко Ројс како слободен играч, тврди трансфер гуруто Фабрицио Романо на своите социјални мрежи.

Американскиот клуб веќе испратил понуда за договор до 35-годишниот Германец и се договорил со друг клуб од МЛС, Шарлот, да ја плати таксата за правото на прв контакт со Ројс.

Марко доби понуди и од Саудиска Арабија, но најверојатно повеќе ќе замине во Лос Анџелес.

Ројс настапува за Борусија од 2012 година. Искусниот фудбалер во таа сезона забележа 39 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи осум голови и девет асистенции.

Advertisement