Фудбал
Легенда на Интер: Бразилецот Роналдо е подобар од Португалецот Роналдо
Легендарниот напаѓач на Интер, Кристијан Виери смета дека Роналдо од Бразил е подобар од Роналдо од Португалија.
Виери еднаш имаше чест да игра со бразилецот Роналдо во Интер. Тој останува фасциниран од сè што видел од Роналдо на тренинзи и натпреварите и смета дека бил подобар од денешниот CR7.
Тој го оправда своето мислење …
“Јас сум одличен пријател со Роналдо и имав многу среќа затоа што тој беше мојот колега во нападот. Тој имаше сè. Тој беше експлозивен, силен и брз. Изгледаше како да танцува со топката. Јас би рекол дека Бразилецот Роналдо е подобар од Португалецот”
“CR7 е воена машина. Прекрасен е за сè што направи и за сè што прави денес. Кристијано може да игра до 40-годишна возраст со цигара меѓу усните како што велат во Италија. Тој има скулпторски градба”, објасни Вири.