Connect with us

Фудбал

Легендарен фудбалер на Барса доби отказ пред мечот со Реал Мадрид

Реал Мадрид утре вечер му гостува на Еспањол, а во моментов владее „мртва“ трка со Барселона за титулата бидејќи двата тима имаат ист број на бодови.

Сепак, еден ден пред мечот, Еспањол го отпушти тренерот Абелардо Фернандез. Ваквиот нивен потег е меѓу првите вести во речиси сите медиуми во Шпанија. Еспањол е во зоната на испаѓање, а е градски ривал на Барса. Сигурно со вакиот потег ќе му направи услуга на Реал Мадрид да стигне до трите бода.

Абелардо за Барселона играше од 1994-та до 2002 година. Настапуваше на позицијата централен дефанзивец, одигра 178 мечеви и постигнал 11 голови. Ќе имаше утре вечер посебни мотиви против Реал Мадрид.