Фудбал
Легендарниот Дел Пјеро отпатува кај Роналдо!
Алесандро Дел Пјеро би можел да добие нова работа. Секако, во прашање е клубот од Саудиска Арабија, моментално се преговара, а Дел Пјеро неодамна отпатува во Ријад за да преговара со Ал-Наср. Така е, тоа е клубот за кој игра Кристијано Роналдо, понудата наводно е повеќе од сериозна и легендарниот напаѓач на Јувентус би можел да добие договор.
За каква понуда се работи? Според информациите со кои располагаат италијанските медиуми се работи за улога на спортски директор. Овој поранешен фудбалер не сакаше да се проба како тренер, туку најчесто беше промотор, работеше како професионален консултант и слично.