Connect with us

Фудбал

Легендарниот голман: Јувентус ми ја украде титулата

Џанлука Паљука поранешен голман на Интер, се пожали на дека Јувентус му ја украл титулата во 1998 година.

Јувентус тогаш ја освои титулата со пет бода повеќе од Интер.

„Беше сезоната 1997/98 кога пристигна Роналдо. Ние го освоивме Купот на Уефа и Јувентус го украде нашето Скудето. Тоа беше наша фантастична сезона, и можеше да биде историска. Сепак, тоа не е наша вина”, рече Паљука.

И се пожали на некои контроверзни ситуации од таа сезона.

„Видовме неколку голови кои беа примени иако топката не ја минуваше границата, неколку неверојатни пенали кои не беа судени … Многу, многу чудни ситуации. Ако во тоа време постоеше видео технологија, ќе бевме шампиони“.

Паљука остана без титулата во Интер. Тој беше единствениот италијански шампион во 1991 година со Сампдорија. Легендарниот Италијанец ја заврши својата кариера на крајот на сезоната 2006/07, истата сезона во која Јувентус исфрли во втората лига поради местење натпревари.