Фудбал
Легендарниот голман на Арсенал: Срамна и фрустрирачка е играта во одбраната
Арсенал ја продолжи својата очајна форма овој викенд, кога заминаа со 2-2 од гостувањето кај Норвич.
И покрај промената на тренерите, „Топџиите“ лошо стојат на теренот, за да можат да постигнат гол, а најголем проблем беше одбраната, која се чинеше катастрофална.
Легендарниот голман на Арсенал, Дејвид Семан е фрустриран од играта на одбрана, но и со настапот на лондонскиот клуб оваа сезона.
“Навистина боли. Кога бевме на теренот, се очекуваше да освоиме трофеи, не само да завршиме меѓу најдобрите четири екипи”, рече Симан.
„На навивачите им е кажано дека Арсенал се преселува во „Емирати“ за да биде поголем и подобар клуб и работите не се остварија.
Има многу работи кои треба да се сортираат, очигледно менаџерот, но тимот исто така треба да се сортира.
Ние изгледаме толку лошо во задната линија што е фрустрирачки што ништо не е сторено. И не само што примаме голови, туку и даваме толку многу шанси. Срамно е”, рече Симан