Connect with us

Фудбал

Легендарниот Патрик Виеира доби отказ!

Францускиот менаџер Патрик Виеира доби отказ од тренерската позиција на Кристал Палас.

Познатиот играч за врска доби бројни пофалби за настапите на неговиот тим во минатата и во првиот дел од актуелната сезона. Но, следеше кризен период кој датира од самиот почеток на годината, а во „Селхерст парк“ решија да реагираат за да не оди кампањата во несакана насока.

Кристал Палас нема победа од 31 декември минатата година кога на гостински терен го победи Борнмаут со 0:2. Тие одиграа многу тешко против сите ривали и не беа лесен противник, но целосно загубија во 2023 година.

„Со големо жалење е донесена оваа тешка одлука. Но, сега сме во несигурна позиција во Премиер лигата и промените се неопходни“, изјави првиот човек на Палас, Стив Периш.

Виеира на клупата на Палас мина 20 месеци. Тој го напушта Палас на 12. позиција на три бода од опасната зона.