Фудбал
Легендарниот Пеле на емотивен начин се прости од херојот на Мундијалот: Небото е полно со ѕвезди во последните денови
Многу ѕвезди заминаа во подобар свет. Коби Брајант, Диего Марадона, Паоло Роси. Легендарнот Пеле на емотивен начин се прости од херојот на Мундијалот во 1982-та година на Италија.
-За жал небото е полно со ѕвезди во последните неколку дена. Еднаш ми кажаа дека твојот татко те носеше во Фиренца да ме гледаш како играм во пријателски меч против Фиорентина. Си имал само 10 години. Каква чест! Ти благодарам за пријателството и великодушноста. Паоло, нека Господ те пречека со раширени раце пријателу, напиша Пеле.